Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

14 јул 2015

Универзитетот на мирот 2015: младите дебатираат на темата „Преговори за мир“

Универзитетот на мирот 2015: младите дебатираат на темата „Преговори за мир“

Categories: Човекови права  / 

Од 6 до 12 јули, педесетина млади од сите страни на светот, меѓу кои пет учесници од Македонија, се сретнаа во Каен, Долна Нормандија за да дебатираат на темата „Преговори за мир“. Овогодишниот Универзитет на мирот беше посветен на Комеморацијата на Истоварувањето на сојузничките сили на брегот на Нормандија за време на Втората светска војна и ослободувањето на Западниот фронт. Во денешен контекст, во време кога има политички кризи и конфликти низ светот преговарањето за мир е клучно.

Како и секоја година, програмата на Универзитетот на мирот се состоеше од мултидисцплинарни предавања од страна на претставници на важни светски меѓународни асоцијации како Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Меѓународната агенција за атомска енергија, Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Француската амбасада во Израел и многу други.

 

За време на Универзитетот, младите учествуваа и во работилници каде можеа да ги изразат своите мислења и да разменат искуства од своите земји. Универзитетот на мирот заврши со студија на случај во форма на јавна дебата помеѓу младите. Студијата беше практичен пример за одвивањето на мировни преговори помеѓу две земји и меѓународни организации кои ги претставуваа учесниците. Оваа дебата се одвиваше во Регионалниот совет на Долна Нормандија во присуство на потпретседателката на Регионот, г-ѓа Ани Ан.

 Универзитетот на мирот е поддржан од страна на Соработката Долна Нормандија/Македонија и Регионот Долна Нормандија. Оваа година, пет учесници од Македонија учествуваат на оваа програма која се стреми да ја подигне свеста за Човековите права и мирот.

Институтот за човекови права и мир од Каен е партнер во соработката Долна Нормандија / Македонија на темата Човекови права.

 

За повеќе информации посетете ја интернет страницата на Институтот за човекови права и мир.   


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x