Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

10 авг 2015

Младинска размена преку создавање на театарска претстава

Младинска размена преку создавање на театарска претстава

На 3 август 2015 година, во Долна Нормандија започна меѓукултурна размена на осум млади од Дебар и осум млади од градовите Иф и Флери (Долна Нормандија). Целта на оваа размена е создавање на мултилингвална театарска претстава.

Групата на млади учесници е придружувана од екипата на Центарот за развојот на заедницата – Дебар и нивните колеги од општина Иф. Асоцијацијата „mes ailes Cie“ од Долна Нормандија е задолжена за спроведување на уметничкиот дел од претставата. Станува збор за адаптација на театарската претстава Антигона од Жан Ануј и режирана од Фабијен Гериф.

Истовремено предвидени се активности со кои ќе се овозможи запознавање на двете различни култури преку посета на градот Каен и средби со француските семејства вклучени во проектот.

Театарската претстава ќе биде прикажана во октомври 2015 година за време на Меѓународниот театарски фестивал во Дебар.

Овој проект се спроведува во рамките на соработката помеѓу градовите Дебар и Иф (Долна Нормандија) во партнерство со асоцијацијата « Et mes Ailes Cie » од Долна Нормандија и центарот за развој на заедницата од Дебар. Проектот е дел од програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија и поддржан од европската програма ЕРАСМУС +.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x