Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

19 авг 2015

По стапките на Албер Лондр, незаборавно искуство за младите учесници

По стапките на Албер Лондр, незаборавно искуство за младите учесници


По стапките на Источниот фронт во Македонија и Албанија

На 15 август 2015 година, по 10 дена во Македонија и 5 дена во Албанија, патувачкиот семинар “По стапките на Албер Лондр” посветен на Источниот фронт за време на Првата светска војна се заврши со многу позитивни импресии од страна на младите учесници како и професионалците кои ги придружуваа.

12 млади французи, македонци и албанци го пропратија семинарот прво во Македонија, во градовите: Скопје, Битола каде ги посетија рововите од Првата светска војна и Охрид каде направија репортажа за француските војници кои поминале низ градот како и за Свети Климент Охридски. Следната фаза на семинарот се одвиваше во Корча, Албанија. Таму младите новинари истражуваа за Првата албанска Република во Корча, воспоставена за време на Првата светска војна од страна на Франција.

Неповтроливо теренско искуство

Оваа уникатна авантура навистина ги надмина очекувањата на младите студенти по новинарство бидејќи им овозможи да прават вистински репортажи на терен со помош на новинари специјализирани во тој домен.

Зависно од нивните способности и знаења на младите им беа доделени улоги како во професионален медиум: фотографи, редактори и реализатори на видео репортажи.  Ова единствено теренско искуство за младите новинари претставува неоспорна додадена вредност за нивната професионална иднина.

Од снимените материјали, интервјуата и собраните материјали ќе биде изработен кратко метражен филм.

Средби со партнерите од проектот „Прва светска војна“ во рамките на програмата Долна Нормандија/Македонија

За време на семинарот, младите новинари има можност да се сретнат и да ги интервјуираат партнерите од проктот „Прва светска војна“ во рамките на програмата Долна Нормандија/Македонија: Француска амбасада, Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Францускиот конзулт во Битола, асоцијацијата Франкофонски круг од Скопје, асоцијацијата ХАЕМУС и локалните партнери од Новаци и Охрид.

Семинарот „По стапките на Албер Лондр“ е организиран во рамките на програмата за мултилатерална соработка Франција/Балкан, во партнерство со Pays Vichy Auvergne, Регионалниот совет на Долна Нормандија, Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) и канцеларијата за соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија во Скопје.  

Tags:

Documents to download

Name:
Email:
Subject:
Message:
x