Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

4 сеп 2015

Училиште за човекови права за млади : можност за размени на тема „Говор и дела од омраза“

Училиште за човекови права за млади : можност за размени на тема „Говор и дела од омраза“

Од 24 до 31 август 2015 година се одржа Училиштето за човекови права во Охрид на кое присуствуваа 24 млади од Франција и Македонија. Младите имаа можност да дебатираат и да го збогатат своето знаење на темата „Говор и дела од омраза во Европа“.

Летното училиште се одржува втора година по ред и е организирано од страна на Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија во соработка со Институтот за човекови права и мир во Каен, Долна Нормандија.

Целта на ова училиште беше младите да го подобрат своето знаење по прашањата на говор и дела од омраза преку формално и неформално образование. Обуките кои се одржаа беа исто така повод да се поттикнат младите учесници да размислуваат на начини за борба против делата од омраза преку: индивидуални активности, размени и споделување на знаење. Овој пат, програмата се темелеше на следните теми:

- Реална слика за говорот и делата од омраза во Франција и Македонија и пошироко во Европа

- Слобода на изразување и медиуми

- Ангажманот и граѓанското учество како алатки за превенција

Младите беа многу задоволни од обуките и можноста да дискутираат меѓусебно на темата „Слобода на изразување и медиуми“, особено релевантна и чувствителна проблематика во Европа и светот.

Проектот „Училиште за човекови права за млади“ го спроведува Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во соработка со Институтот за човекови права и мир во Каен во рамки на повикот за проекти 2015-2016 на програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x