Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

26 апр 2016

Промоција на стратегијата за заштита на старото градско јадро во Охрид

Промоција на стратегијата за заштита на старото градско јадро во Охрид

На 26 април 2016 година, во општина Охрид се одржа промоција на стратегијата за заштита на културното наследство на старото градско јадро во Охрид. Претседателката на советот на општина Охрид ја претстави стратегијата пред бројни заинтересирани чинители. Стратегијата е резултат на двегодишната заедничка соработка и размена на искуства на темата за заштита на културно наследство со градот Каен, Нормандија. Претставници од градот Каен присуствуваа на промоцијата на стратегијата.

За изработка на стратегијата беше ангажирана консултантска фирма со чија помош се дефинираа новите прописи кои ќе се земат во предвид во процесот на реновирање и зачување на старото јадро со цел да не се наруши традиционалната градба на градот и на пејсажот.

Општина Охрид веќе ги започна предвидените активности за зачувување, реновирање, обновување и ревитализација на објектите во старото јадро на градот. Во новиот петгодишен план на активности општина Охрид предвидува финансиска помош за спроведување на стратегијата, активности за нејзино промовирање, и креирање на општинска комисија која ќе ја следи реализацијата на истите.

Проектот „Стратегија за интегрирана заштита на старото јадро на Охрид“ е поддржана од соработката помеѓу Нормандија и Македонија во рамките на повикот за проекти 2013/2014 година. Покрај тоа, градот Каен и општина Охрид се збратимени од 2009 година.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x