Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

12 ное 2016

Комеморација на Првата светска војна: Научни денови посветени на Македонскиот фронт

Комеморација на Првата светска војна: Научни денови посветени на Македонскиот фронт

Categories: Сеќавање  / 

По повод комеморацијата на крајот на Првата светска војна, Францускиот институт во Скопје организираше Научни денови посветени на Македонскиот фронт на 11 и 12 ноември 2016 година во Битола.

Научните денови ги отвори г. Бернар Лори, универзитетски професор и експерт за историјата на Балканот, тој ја презентираше својата книга „Битола: најбалканскиот град“ чии што извадоци беа преведени на македонски јазик за овој повод.

На 12 ноември се одвиваше официјалната комеморативна церемонија на Француските воени гробишта во Битола организирана од страна на Француската и Германската амбасада. Потоа, беше организиран Научен ден, за втор пат оваа година по инцијативата на Францускиот Институт во Скопје и Соработката Нормандија – Македонија на кој учествуваше г. Бернар Лори и повеќе домашни и регионални експерти: г. Петрит Натанаили, професор по историја на Универзитетот во Тирана, Ѓоргиј Пеев, професор по историја на Новиот Универзитет во Софија, Бугарија, г. Томас Хиплер, професор по историја на Универзитетот во Каен-Нормандија, г. Петар Тодоров, историчар во Институтот за национална историја во Скопје, г. Станислав Стетеновиќ, професор во Институтот за современа историја во Белград и г. Иљо Трајковски, професор по историја во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола.

Историчарите дискутираа на тема Првата светска војна и Македонскиот фронт како и за можностите да се зголеми размената на научните знаења на оваа тема како и меѓународната соработка.

Овие активности беа спроведени од страна на Францускиот Институт во Скопје и се поддржани од страна на Соработката Нормандија – Македонија во рамки на проектот „Првата светска војна во Република Македонија“.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x