Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

23 дек 2016

Преглед на досегашните и идните активности : средба на македонските партнери на соработката

Преглед на досегашните и идните активности : средба на македонските партнери на соработката

Categories: Координација  / 

Партнерите од Македонија кои соработуваа во рамките на третата тригодишна програма на Соработката помеѓу Нормандија и Македонија се сретнаа во Скопје на 22 декември 2016 година.

Следејќи го примерот на средбата во Нормандија во ноември 2016 година, македонските партнери направија општ преглед на соработката и ги споделија искуствата од активностите спроведени во последните неколку години.

Ивана Петровска, директорка на канцеларијата на соработката во Скопје, ги сподели предлозите на партнерите од Нормандија за идните активности на соработката со партнерите како изработката на нова програма посветена на Првата светска војна во Македонија од страна на Регионот Нормандија.

Партнерите од Македонија ја изразија желбата за соработката помеѓу двете територии да продолжи. Во таа насока, тие добија поддршка Изабел Марки-Барбо, претставник на Амбасадата на Република Франција во Македонија од Алесандро Перели, претставник на организацијата АЛДА.

Оваа беше последна средба во рамките на трите тригодишни програми спроведени од страна на Регионот Нормандија и поддржани од Министерството за надворешни работи на Франција.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x