Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

22 авг 2017

Летниот универзитет на АЛДА организиран во Скопје

Летниот универзитет на АЛДА организиран во Скопје

Categories: Млади, Сеќавање  / 
Универзитетот ФОН беше домаќин на летниот универзитет на АЛДА „Сеќавање и меѓукултурен дијалог“ од 17 до 22 јули, кој беше поддржан од Децентрализираната соработка помеѓу Нормандија и Македонија.

- Сеќавањето на страдањата на луѓето во минатото често се заборава. За нас е важно да се соочиме со сеќавањето на минатото за да создадеме европско сеќавање за време на овој универзитет – изјави Н.Е. Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција во Македонија, за време на неговиот говор.

Летниот универзитет претставуваше можност за учесниците да научат од настаните од минатото, да дискутираат за моменталните предизвици и да развијат нови вештини во меѓународна околина. Над 30 учесници од 7 балкански земји и Франција, вклучувајќи 3 учесници од Нормандија, ги следеа предавањата, работилниците и посетите во Скопје. 

Г-нот Ерик Алар, професор по историја од Вир, Нормандија беше предавач на летниот универзитет. Г-ѓа Ивана Петровска, директорка на АЛДА Скопје, ја претстави Нормандија и „Normandy pour la paix“ за време на нејзиното предавање. Сите активности беа инспирирани од активностите на Нормандија во рамки на сеќавањето, мирот и помирувањето.

Летниот универзитет на АЛДА „Сеќавање и меѓукултурен дијалог“ беше организиран од АЛДА – Европската асоцијација за локална демократија, во соработка со универзитетот ФОН. Настанот беше финансиски поддржан од Централноевропската иницијатива – ЦЕИ, Децентрализираната соработка помеѓу Нормандија и Македонија и Европската Унија, а беше организиран во рамки на соработката помеѓу Нормандија и македонија, Балканската Регионална Платформа за Младинско Учество и Дијалог и ЛАДДЕР.
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x