Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

15 ное 2017

Комеморација на Првата светска војна во Македонија

Комеморација на Првата светска војна во Македонија

Од 10 до 13 ноември 2017 година, по повод Денот на примирјето од Првата светска војна, во Битола и Прилеп беа организирани повеќе настани посветени на овој период. Лора Елен, одговорна за програмата на соработката помеѓу Нормандија и Македонија во Регионот Нормандија беше дел од свечетносите и посетите организирани од страна на партнерите во Македонија.

Серијата на настани започна со Комеморација на  Француските воени гробишта во Битола, и на  Германските воени гробишта во Прилеп на 11 ноември, каде претставници на државните и локалните власти, амбасадите, како и на здруженија на граѓани положија цвеќе во име на паднатите борци. 

Во текот на следниот ден, група на составена од амбасадорот на рапублика Франција во Македонија, Н.Е. г. Кристиан Тимоние,  Лора Елен, преставник на Регионот Нормандија, и експерти и љубители на историјата имаа можност во придружба на водич да ги посетат селата на самата линија на фронтот од Првата светска војна и да се запознаат со теренот и условите во кои се бореле француските и другите војници. 

На 13 ноември, Францускиот институт во Скопје организираа научен ден посветен на Првата светска војна, каде професори по историја, експерти и историчари од Франција, Романија и регионот дискутираа за сеќавањата и поуките од големата војна.  Директорката на АЛДА, Ивана Петровска ги престави проектите на АЛДА и Соработката помеѓу Нормандија и Македонија посветени на младите и Првата светска војна, додека пак професорот Ерик Аларт од средното училиште од Вир зборуваше за арехеолошките посети и истаражувања спроведени во Новаци. Самиот настан беше подржан од соработката помеѓу Нормандија и Македoнија и финансиран од Регионот Нормандија. 

Првата светска војна е една од најважните теми обработувани во рамките на програмата на соработката помеѓу Нормандија и Македонија. Следната година по повод 100 годишнината од денот на примирјето на Првата светска војна ќе бидат организирани голем број на активности.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x