Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

18 јан 2018

Промоција на монографијата „Манаки - приказна во слики“ во Белград

Промоција на монографијата „Манаки - приказна во слики“ во Белград

Categories: Култура  / 

Монографијата „Манаки – приказна во слики“ на фотографот Роберт Јанкуловски ќе биде промовирана во галеријата „Артгет“ во Белград на 18 јануари 2018 година.

Монографијата опфаќа 128 репродукции на фотографиите на браќата Манаки - резултат на 15-годишно истражување на Јанкуловски. Фотографиите се уредени од оригиналните стаклени плочи на браќата-пионери на Балканот во областа на фотографијата и филмот. Дел од овие репродуцирани фотографии, кои датираат од 19 и 20 век, Јанкуловски ги објавува за првпат.

Авторскиот текст за животот и делото на браќата Манаки, е издаден на македонски јазик и преведен на англиски и француски јазик. Монографијата беше промовирана за прв пат во Битола заедно со документарен филм за браќата Манаки минатата година како дел од Меѓународниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“.

Објавувањето на монографијата е поддржано од страна на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Нормандија и Македонија.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x