Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

1 мар 2018

Младинските работници: двигатели на промени во полето на Млади и младинско информирање

Младинските работници: двигатели на промени во полето на Млади и младинско информирање

Categories: Млади  / 

Од 20 до 23 февруари 2018 година во Струга се одржа обука за обучувачи на тема “First step to become a youth worker” организирана од Коалиција на младински организации – СЕГА во партнерство со организацијата “Maison pour tous Léo Lagrange” од Нормандија.

На оваа обука учествуваа претставници од Младинските Информативни Центри „ИНФО СЕГА“ Кавадарци и Прилеп, Коалицијата на младински организации – СЕГА и други младински организации од Македонија кои работат во областа на млади и младинско информирање. 

Целта на оваа обука е да се обучат младинските работници да испорачуваат комплетен почетен модул за идни младински работници, претставници од организации и институции кои работат со млади. 

Организацијата “Maison pour tous Léo Lagrange” од Нормандија и Коалицијата на младински организации – СЕГА соработуваат во рамки на Соработката помеѓу Нормандија и Македонија. Целта на оваа соработка е размена на добри практики во областа на Младите и младинско информирање на двете територии и обучување на идните младински работници.

Оваа обука е поддржана од програмата за соработка помеѓу Нормандија и Македонија. 

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x