Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

19 авг 2014

Општината Новаци во соработката

Општината Новаци во соработката

На 12 август, Лоранс Оер, амбасадорка на Франција во Македонија и Ивана Димитровска, шеф на канцеларијата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија беа во работна посета во општината Новаци. Таму, имаа прилика да разговараат со градоначалникот за можностите на соработка во областа на образованието, економијата како и културното наследство.

Новаци е дел од соработката од 2008 година и водеше проект за вреднување на културното наследство и реновирање на старите рурални куќи. Градоначалникот на Новаци, г. Лазар Котевски, ја спомена исто така и неговата посета во Нормандија и богатите размени кои ги остварија со тој француски регион.

Оваа година општината Новаци се приклучува кон соработката во рамки на активностите поврзани со Источниот фронт. Земајќи го во предвид богатото културно наследство останато од Првата светска војна кое постои во Новаци, оваа општина ќе го спроведува територијалниот проект на проширување на знаењето за ова културно наследство како и неговото вреднување и назначување. Првите контакти за воспоставување на децентрализирана соработка помеѓу Новаци и друга општина на територијата на Долна Нормандија се воспоставени. Во ноември оваа година ќе се организира посета на експерти во Новаци по прашањето на Источниот фронт.

За повеќе информации посетете ја интернет страницата на општина Новаци.

Галерија на фотографии од посетата во Новаци

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x