Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

22 сеп 2014

„Музеј на женски приказни” на Регионалните денови на културата во Пелагонија

„Музеј на женски приказни” на Регионалните денови на културата во Пелагонија

Денес, на отворањето на Регионалните денови на културата во Пелагонија, во Битола, како дел од редовната програма ќе се одржи дискусија со Сенка Атанасова, доктор по филозофски науки и Ирена Цветковиќ, докторант по родови студии, на темата „Музеј на женски приказни”, организирана од страна на Локомотива, во соработка со дебатното кино „Контра-Кадар“.

„Музеј на женски приказни“ е воедно истражувачки проект кој ги истражува значајните моменти од историјата на жените од Македонија, особено од Пелагонискиот регион, чиј носител е токму Локомотива, во соработка со ЦРППР и Областа Мон Сен Мишел.

Како дел од оваа културна манифестација, предвидени се уште две филмски проекции на теми поврзани со еманципација на жената, во Прилеп (23 септември, Центар за култура) и Демир Хисар (24 септември, Дом на култура). 

Културната манифестација Регионални денови на културата во Пелагонија, која оваа година се одржува по трет пат, ќе се одржи во периодот од 22 до 30 септември 2014 година, во сите општини во Пелагонискиот регион. Овој настан е програмски уреден и координиран од Центарот за развој на Пелагониски плански регион- ЦРППР во соработка со општините и културните институции од Пелагонискиот регион.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x