Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

27 ное 2014

Денови на француската култура во Дебар

Денови на француската култура во Дебар
Оваа година, за прв пат во Дебар се одржуваат Деновите на француската култура во организација на Центарот за одржлив развој на заедницата. 

13 ное 2014

Опсерваторијата Кокино голема инспирација за француската уметница Флер Елуин

Опсерваторијата Кокино голема инспирација за француската уметница Флер Елуин

Првата самостојна изложба на француската уметница Флер Елуин, насловена “За Каменот” беше поставена од 17 до 31 октомври 2014 во Галеријата Остен во Скопје и доби големо внимание од македонската публика.

5 окт 2014

Панта театарот од Каен влегува во соработката Долна Нормандија/Македонија

Панта театарот од Каен влегува во соработката Долна Нормандија/Македонија

Во рамки на Соработката Долна Нормандија/Македонија започна нова соработка во доменот на културата со ПАНТА театарот од Каен околу проектот насловен „Пишување и режија, денес; фестивал на современи дела“. Овој проект е интересна размена помеѓу 2 земји кои разменуваат драматурзи, режисери и актери. Целта е промоција и истражување на современи авторски дела кои ќе бидат претставени пред публика. Фестивалот овозможува истражување на современи текстови и создавање на нови начини на интерпретација соочувајќи публика и автори од различни земји.

22 сеп 2014

„Музеј на женски приказни” на Регионалните денови на културата во Пелагонија

„Музеј на женски приказни” на Регионалните денови на културата во Пелагонија

Денес, на отворањето на Регионалните денови на културата во Пелагонија, во Битола, како дел од редовната програма ќе се одржи дискусија со Сенка Атанасова, доктор по филозофски науки и Ирена Цветковиќ, докторант по родови студии, на темата „Музеј на женски приказни”, организирана од страна на Локомотива, во соработка со дебатното кино „Контра-Кадар“.

13 авг 2014

Започнаа истражувањата на Локомотива за иницијативата „Женски приказни“

Започнаа истражувањата на Локомотива за иницијативата „Женски приказни“

Истражувањата за проектот „Музеј на женски приказни“ започнаа. Станува збор за интересна програма особено значајна во контекстот на стогодишнината од Првата светска војна и седумдесетгодишнината од Втората светска војна.   „Женски приказни“ се заснова на истражувања кои ќе овозможат едно ново и поинакво читање на историјата на Македонија во почетокот на дваесеттиот век на територијата со цел да се проследи процесот на политичка, економска и културна еманципација на жената.

RSS
First3456789101112