Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

4 ное 2014

Студиска посета во Нормандија „Меморијалниот туризам, потенцијал за локален развој“

Студиска посета во Нормандија „Меморијалниот туризам, потенцијал за локален развој“

По повод 100 годишнината од Првата светска војна и значајните траги кои се сè уште видливи на нашата територија во рамки на децентрализираната соработка помеѓу Македонија и Долна Нормандија, претставници од општините и граѓанскиот сектор ќе работат на темата меморијален туризам. 

22 сеп 2014

„Музеј на женски приказни” на Регионалните денови на културата во Пелагонија

„Музеј на женски приказни” на Регионалните денови на културата во Пелагонија

Денес, на отворањето на Регионалните денови на културата во Пелагонија, во Битола, како дел од редовната програма ќе се одржи дискусија со Сенка Атанасова, доктор по филозофски науки и Ирена Цветковиќ, докторант по родови студии, на темата „Музеј на женски приказни”, организирана од страна на Локомотива, во соработка со дебатното кино „Контра-Кадар“.

19 сеп 2014

Делегација од областа на заливот Мон Сен Мишел во официјална посета на регионот Пелагонија

Делегација од областа на заливот Мон Сен Мишел во официјална посета на регионот Пелагонија

Делегација од областа на заливот Мон Сен Мишел беше во официјална посета на регионот Пелагонија од 16 до 18 септември. Се реализираа работни средби на претставници на Мешаниот синдикат на Областа на заливот Мон Сен Мишел со претставници на општини (градоначалници и советници) и културни институции од регионот Пелагонија.

19 сеп 2014

Делегација од Дебар во посета на Иф

Делегација од Дебар во посета на Иф

Од 22 до 26 септември, градоначалникот на Дебар, г. Ружди Љата како и претставници на Центар за одржлив развој на заедницата на Дебар ќе остварат работна посета во Иф. Посетата е предвидена во рамки на нивниот заеднички проект „Културното наследство – врска помеѓу минатотo и иднината“.

19 авг 2014

Општината Новаци во соработката

Општината Новаци во соработката

На 12 август, Лоранс Оер, амбасадорката на Франција во Македонија и Ивана Димитровска, шеф на канцеларијата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија беа во работна посета во општината Новаци. Таму, имаа прилика да разговараат со градоначалникот за можностите на соработка во областа на образованието, економијата како и културното наследство. 

RSS
First234567891011