Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Прва светска војна - Источен фронт

Источен фронт

Источниот фронт има голема важност за историјата на Македонија и Франција. На територијата на Македонија, блиску до Битола (поранешен Монастир) се случила една од најголемите битки на Источниот фронт. Десет илијадници војници загинале во оваа битка и почиваат на сегашната територија на Република Македонија. Важноста да се истакне и одново да се осознае овој дел од историјата станува уште поважна поради 100 годишнината од Првата светска војна.

Поради заедничката историја која ги спојува двете земји децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија ќе посвети дел од својата програма токму  на овој дел од историјата кој е малку истражен досега. Соработката ќе се стреми кон тоа културното наследство останато од Источниот фронт во Македонија да здобие на видливост на интернационално ниво и да биде препознаено како едно од клучните места со историско значење.

За таа цел соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија предложува повеќе активности околу Источниот фронт на темите : културно наследство, сеќавање, мир и помирување, човекови права. Активностите ќе се развиваат преку : територијални проекти и институционална поддршка на локално и централно ниво.

Проектот Источен фронт има неколку аспекти :
- Геополитички
- Историски и археолошки
- Образовен
- Економски
- Туристички
- Културен

Проектите поврзуваат различни партнери :
- Министерства
- Територијални заедници
- Здруженија
- Експерти 
- Образовни и културни институции

Активностите ќе се одвиваат во согласност со насоките на Француската амбасада во Македонија.

Активност 1 : Истражување на тема Источен фронт и Македонија
Активност 2 : Првата светска војна на територијата на Македонија
Активност 3 : Симпозиум за културното наследство од Првата светска војна
Активност 4 : Студиска посета на тема меморијален туризам во Нормандија
Активност 5 : Територијален проект во општина Новаци
Активност 6 : Децентрализирана соработка помеѓу општината Новаци и Коломбел



Историски осврт – Источен фронт 1915 - 1918

Источниот фронт е еден од клучните четири фронта на европскиот континент за време на Првата светска војна. Источниот фронт се шири низ четири земји : Грција, Бугарија, Србија (Македонија која е во тоа време дел од Србија) и Албанија. На 15 септември 1918 започнува победничката офанзива која ќе доведе до капитулациите на Бугарија, Турција, Австро-унгарската империја пред примирјето на 11 ноември 1918 кога се повлекува и Германија.