Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

11 ноем. 2017

Спомен-плоча на македонски борци во Коломбел

Спомен-плоча на македонски борци во Коломбел

Имињата на 33 македонски борци од Новаци загинати во Првата светска војна на македонскиот фронт, беа изгравирани на спомен-плочата подигната во Коломбел, Нормандија. Споменикот е подигнат во чест на комеморациите на стогодишнината од Првата светска војна, и свечено беше откриен на 11 ноември 2017 година, во Коломбел.

Македонска делегација од Новаци, предводена од градоначалникот  Љубе Кузмановски присуствуваше на свеченостите. Градоначалникот на Новаци во своето обраќање ја истакна важноста на споменикот на македонските борци кои загинаа на македонскиот фронт за време на големата војна. Свеченото откривање беше проследено со изведба на македонската химна и кревање на македонското знаме, и положување на цвеќе на споменикот.

Спомен-плочата на македонските борци е дел од заедничко спомен обележје на четири спомен-плочи на македонски, германски, нигерски и француски војници издигнати во Паркот на мирот. 

Градоначалникот на Коломбел, Марк Потије, преку овој проект имаше за цел да пренесе порака за мир и помирување. Коломбел, заеднички со збратимените општини од Македонија, Нигер и Германија преку сеќавањето на загинатите борци воспоставија култура на мирот и помирувањето.

Општина Новаци и Коломбел веќе неколку години соработуваат и развиваат проекти на оваа тема. Нивната соработка беше иницирана во рамки на програмата за соработка помеѓу Нормандија и Македонија.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x