Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

21 окт. 2014

Октомври – месец на соработката Долна Нормандија / Македонија

Октомври – месец на соработката Долна Нормандија / Македонија

Пред почетокот на новата етапа на соработката Долна Нормандија / Македонија, овој октомври е посветен на размислувања, размени и дебати на сите полиња на работа, со цел да постигнат уште подобри резултати во иднина. По Комитетот за стратешко планирање, кој се одржа во Каен на 17 октомври 2014 година, помеѓу институционалните партнери на програмата, и оваа седмица, од 21 до 23 октомври, Регионалниот совет на Долна Нормандија е повторно домаќин на партнерите од повикот на проекти 2013 – 2014, локалните власти и организациите кои се за прв пат се среќаваат на тема меморијален туризам, новитет во соработката, произлезен од темата сеќавање и помирување.

21 окт. 2014

„Адвокатот и правната држава“ – обука за адвокатите од Македонија во Каен

„Адвокатот и правната држава“ – обука за адвокатите од Македонија во Каен

На 18 и 19 октомври 2014 година, неколку македонски адвокати престојуваа во Франција со цел да се сретнат со своите француски колеги и да разговараат за положбата на адвокатите во правниот систем на една држава.

18 окт. 2014

Комитет за стратешко планирање – Дефинирање на следната година од соработката ДН/МК

Комитет за стратешко планирање – Дефинирање на следната година од соработката ДН/МК

На 17 октомври 2014 година, институционалните партнери на соработката Долна Нормандија / Македонија одржаа средба во Каен со цел да ја утврдат стратегијата на соработка на двете територии во претстојната фаза на програмата. Комитетот за стратешко планирање служи како советодавно тело кое се грижи за севкупниот процес на соработката и идентификување на потребите на партнерите согласно со меѓународната политика на Регионот Долна Нормандија и Република Македонија.

5 окт. 2014

Панта театарот од Каен влегува во соработката Долна Нормандија/Македонија

Панта театарот од Каен влегува во соработката Долна Нормандија/Македонија

Во рамки на Соработката Долна Нормандија/Македонија започна нова соработка во доменот на културата со ПАНТА театарот од Каен околу проектот насловен „Пишување и режија, денес; фестивал на современи дела“. Овој проект е интересна размена помеѓу 2 земји кои разменуваат драматурзи, режисери и актери. Целта е промоција и истражување на современи авторски дела кои ќе бидат претставени пред публика. Фестивалот овозможува истражување на современи текстови и создавање на нови начини на интерпретација соочувајќи публика и автори од различни земји.

RSS