Login |Register

Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Институционална соработка

Партнерство со единствени карактеристики: регион и држава

Станува збор за беспримерен модел во француската програма за децентрализирани соработки бидејќи еден француски регион соработува со држава.

Активностите се спроведуваат во директна координација со Министерството за локална самоуправа (МЛС) на Република Македонија. Тесната соработка со Македонија овозможува поширок опсег на активностите на нејзината територија и поголема сообразност со носечките идеи на програмата.

Институционалните односи беа зајакнати во 2012 година со потпишување на Спогодбата за соработка меѓу Некогашниот Регион Долна Нормандија и Министерството за локална самоуправа на Република Македонија. Како и претходно, целта е да се поддржи политиката на рамномерен регионален развој преку зајакнување на локално владеење и утврдување на национални и регионали приоритети во областа на пренесување на надлежности и ресурси.

Поттикнување на соработка меѓу разни институционални инстанци од двете територии

Соработката што се разви по иницијатива на постепено создава поврзаност на сите институционални нивоа од двете територии.

Од 2010 година, соработката меѓу единиците на локална самоуправа од Долна Нормандија и Македонија е исто така дел од институционалниот сегмент. Денес соработуваат 16 локални заедници од двете територии, а нивната дејност е значајна и од финансиски аспект и од аспект на новосоздадените работни места посветени на соработката, но и поради конкретните резултати кои ги мобилизираат и обединуваат сите граѓани.

Децентрализацијата има клучно место во проектот

Најголемиот предизвик на соработката е таа да придонесе кон ефикасна децентрализација и во Франција и во Македонија со цел да се создаде успешна Европска Унија. Долна Нормандија и Македонија разменуваат знаења и искуства за да ја подготват администрацијата повешто да го води процесот на децентрализација и да обезбедува рамномерен и одржлив развој.

Целите се отсликани во петте теми кои се провлекуваат низ програмата и кои одново беа дефинирани за програмата 2013-2016 година.