Login |Register

Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Соработката Нормандија/Македонија слави 10 години!

За да ја прослави соработката со Македонија која трае веќе десет години Регионот Долна Нормандија организира голем број настани. На 8 и 9 април во Каен партнерите на соработката Долна Нормандија/Македонија ќе учествуваат во разноврсни случувања како: работилници, изложби и концерти.

Оваа иновативна билатерална соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија започна во 2005 година.

Оваа година прославуваме 10 години од нашата соработка. Преку оваа соработка се стремиме да создадеме меѓукултурни врски и да овозможиме размени помеѓу Долна Нормандија и Македонија, кои и покрај разликите, пронајдоа заеднички точки по прашањата на децентрализација, локално владеење и развој.


Соработката создаде голем број размени, заеднички проекти и долгорочни партнерства кои продолжуваат да се развиваат и збогатуваат.  Резултатите од оваа соработка се видливи и втемелени во нашите општества. Од овие причини соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија е пример за стабилна и долгорочна програма која го должи својот успех на ангажманот, поддршката и ентузијазмот на монгубројните партнери на двете територии.

Она што ја прави посебна оваа соработка се различните структури кои се вклучени: локални власти, здруженија, образовни институции, студенти, уметници од Долна Нормандија и Македонија кои се поврзаа со цел да водат заеднички активности и да ја промовираат својата територија. Разноврсноста на тематиките на соработка исто така допринесува за да се разликува оваа соработка од другите: Сеќавање и помирување, Човекови права, млади, нови технологии... Темите на соработка поттикнуваат прогресивно размислување кое постојано се надградува и придонесува кон локалниот развој на двете територии.

Пријателството и работните искуства, ангажманот од страна на сите чинители од соработката оставија свој белег и ги збогатија двете територии. Децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија продолжува со нов елан и уште поголеми предизвици!