Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

29 апр. 2015

Македноски драмски автори и режисери на уметничка размена во Каен

Македноски драмски автори и режисери на уметничка размена во Каен

Categories: Култура  / 

Од 29 април до 30 мај 2015 г. во Каен се одржува 18то издание на фестивалот „Пишување и режија, денес“ кое е оваа година посветено на Макеоднската драматургија.

Фестивалот постои веќе 17 години го организира ПАНТА театарот во Каен и претставува интересна културна размена помеѓу драмски автори, режисери и актери од две земји. Целта на оваа размена е промоција и истражување на современи авторски дела и создавање нови начини на интерпретација соочувајќи публика и автори од различни земји.

Оваа година ПАНТА театарот ќе биде домаќин на 5 режисери и драматурзи од Македонија кои ќе претстават 3 драмски дела пред француската публика во Каен. На секое драмско дело ќе работи 10 дена тим од режисер и драмски автор од Македонија и глумци од Франција. Во Каен ќе ги претстават своите дела Дејан Дуковски, Срѓан Јанакијевиќ, Нела Витошевиќ, Мартин Кочовски и Горјан Милошевски.

Втората фаза од фестивалот ќе се релизира во текот на септември во Скопје, во соработка со Македонскиот народен театар. Францускиот режисер и директор на ПАНТА театарот во Каен, Ги Деламот ќе работи со францускиот драмски автор Сабин Ревије во соработка со пет македонски актери од театарот. По завршување на работниот процес, драмата ќе биде претставена пред македонската публика.

Овој фестивал е организиран од страна на ПАНТА театарот во соработка со Локомотива во рамки на програмата за култура на соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија.

Tags:

Documents to download

Name:
Email:
Subject:
Message:
x