Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

12 мај 2015

Работилница-натпревар „Mоето прво мини видео“

Работилница-натпревар „Mоето прво мини видео“

Categories: Култура, Млади  / 

Работилницата Mоето прво мини видео“ е совршена можност за сите љубители на креативното изразување пеку новите медиуми и технолошки алатки. Работилницата која ќе биде исто така и натпревар помеѓу избраните учесници е организирана од страна на Францускиот институт во Скопје, асоцијацијата Метаморфозис со поддршка на регионот Долна Нормандија ќе им овозможи на аматерските режисери да го направат своето прво мини видео со помош на мобилен телефон.

Работилницата „моето прво мини видео“ ќе се одржи во среда 20 и четврток 21 мај 2015 од 17 до 20 часот, во Мултимедијалниот простор за настава на Францускиот институт во Скопје (ул. Максим Горки, бр.18). Целта на работилницата е подготовка за изработка на сценарио и добивање на технички совети околу реализацијата на мини-видеа со мобилен телефон.

Предавањата ќе се одвиваат на француски (со превод на македонски), на англиски и/или македонски јазик од страна на француски и домашни предавачи.

Работилниците/натпреварот е наменет за студенти од 18 до 28 години, кои говорат француски и / или англиски јазик. Бројот на учесници на работилницата е ограничен на 15 учесници кои ќе бидат објавени на интернет страницата на Францускиот институт во Скопје. 

Најдобрите мини видеа ќе бидат пуштени за време на Францускиот филнски фестивал 2015. Авторот на награденото 3-минутно видео ќе добие престој во Долна Нормандија.

Видеото треба да биде изработено на една од овие три теми:

  • Мојот град и загадувањето: каква иднина?
  • Слобода на изразувањето
  • Еден среќен ден 

Како да земете учество на работилницата/натпреварот „моето прво мини-видео“ ?

  1. ПОПОЛНЕТЕ ГО ФОРМУЛАРОТ и испратете го на  culture@ifs.mk најдоцна до 15 мај 2015.
  2. Следете ја работилницата за да можете подобро да се запознаете со техниките за реализација на кратко видео со вашиот мобилен телефон на 20 и 21 мај 2015, од 17:00 до 20:00 часот, во Мултимедијалниот простор за настава на Францускиот институт во Скопје (ул: Максим Горки, бр. 18). Работилниците ќе бидат одржани на француски јазик (со превод на македонски), на македоснки и на англиски јазик. 
  3. Снимете, обработете, монтирајте и прикачете го вашето видео на Youtube (видеата можат да бидат изработени на амглиски, македонски, албански или на француски јазик). 
  4. Следете ја работилницата на 19 јуни 2015 за финализација на вашето видео. Селекција на најдобрите видео-реализации.
  5. Проекција на најдоброто видео во рамките на fff.mk на 19 јуни, пред главната фестивалска проекција. 

Работилницата „моето прво мини-видео“ е во рамки на Францускиот филмски фестивал 2015 поддржан од страна на Соработката Долна Нормандија/Македонија.

За повеќе инофрмации посетете ја интернет страницата на Францускиот институт во Скопје.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x