Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

1 јун. 2015

Учениците од Велес во посета на Долна Нормандија

Учениците од Велес во посета на Долна Нормандија

Од 11 до 17 мај 2015 г. учениците од средните училишта „Кочо Рацин“, „Коле Недлковски“, „Јовче Тесличков“ и „Димитрија Чуповски“ од Велес беа во посета на Долна Нормандија. Оваа посета е плод на соработката која започна во 2014 година помеѓу средните училишта од Велес со училиштето „Алексис де Токвил“ од градот Шербур.

Учениците од Велес ги посетија градовите Шербур, Каен и нивните многубројни знаменитости. На 13 мај 2015 г. гостите од Велес беа пречекани во Регионалниот совет на Долна Нормандија од страна на потпретседателката на Регионот Долна Нормандија, г-ѓа Ани Ан, заменик градоначалникот на Шербур, Ана Пик.  За време на посетата учениците и професорите ја посетија просторијата каде се состануваат регионалните советници и каде се одлучуваат регионални политики. Професорите Флоранс Жиро и Никола Димовски им ја претставија на учениците од Велес и Шербур идејата за меѓусебна соработка на темата културно наследство на локално ниво.

Оваа соработка се одвива во рамки на повикот на проекти 2015/2016 на соработката Долна Нормандија/Македонија како и соработката помеѓу градовите Велес и Шербур која трае од 2012 година. 

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x