Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

16 јун. 2015

fff.mk : Почнува осмото издание на Францускиот филмски фестивал во Македонија

fff.mk : Почнува осмото издание на Францускиот филмски фестивал во Македонија

Од 17 до 20 јуни 2015 година во Скопје и Охрид ќе се одржи Фестивалот на француски филм. Во рамките на фестивалската програма ќе бидат прикажани најновите и најголемите филмски остварувања на француската кинематографија од оваа и минатата година . Дел од филмовите имаа свои проекции на годинешниот Филмскиот фестивал во Кан. Регионот Долна Нормандија, веќе неколку години по ред го поддржува овој настан единствен од ваков вид на Балканот.

Осмото издание на фестивалот е со изменет и збогатен концепт, со цел да се овозможи поврзување и размена на македонските и француските професионалци од филмската индустрија. Во рамките на фестивалот и во партнерство со Регионот Долна Нормандија, ќе биде претставен фестивалот на краткометражен филм Off Court во Францускиот институт на 18 јуни во 12ч.

Оваа година за прв пат се организира видео конкурс за млади. Авторот на првонаграденото видео ќе има можност да ја посети Долна Нормандија и да учествува на фестивалот на краткометражен филм во септември оваа година.

Целосната програма на фестивалот ќе ја најдете на www.ifs.mk

Манифестацијата е организирана од Француската амбасада во Скопје и Францускиот институт, во партнерство со Министерството за култура и Агенцијата за филм на РМ, и со поддршка на Регионот Долна Нормандија.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x