Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

26 јун. 2015

Завршна изложба од проектот „Европа овде – Европа таму“

Завршна изложба од проектот „Европа овде – Европа таму“

Во текот на изминатата година, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА работеше на проект на тема фотографија и Сеќавања од Прва и Втора светска војна. Во јуни 2014 година, 4 кинематографи и фотографи од Долна Нормандија ја посетија Македонија за да го откријат нејзиното културно наследство од периодот на Првата светска војна. Додека, во ноември истата година, 7 студенти од ЕСРА се најдоа во Долна Нормандија за да ги откријат спомен обележјата од Втора светска војна.  

За време на овие две посети, уметниците реализираа серија на фотографии како сеќавање на овие два големи настани во светската историја.

Изложбата на овие фотографии беше отворена на 25 јуни 2015 година, во галеријата на Кинотека Македонија од страна на ректорот на ЕСРА г. Јордан Плевнеш.

Со изложбата ќе заврши првата фаза од проектот спроведуван во текот на една година од страна на ЕСРА, а во партнерство со Дом на визуелни дејности на Долна Нормандија. Проектот е поддржан од соработката Долна Нормандија/Македонија, во рамките на повикот за проекти 2013-2014 година.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x