Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

1 јул. 2015

Здружението Контрафор започна со проектот „Жените во малите занаетчиски бизниси“

Здружението Контрафор започна со проектот „Жените во малите занаетчиски бизниси“

Здружението Контрафор е еден од новите партнери во рамки на соработката Долна Нормандија/Македонија. Здружението започна со проектот „Жените во малите занаетчиски бизниси“ кој има за цел да ги поттикне жените кои се занимаваат со занаетчиство во Македонија како и да се подигне свест околу занаетчиството како претприемничка дејност. Проектот е во соработка со здружението Savoir-faire and Co од Долна Нормандија кои работат на подигање на свеста околу занаетчиството во Франција. Контрафор преку овој проект се стремат да создадат платформа и мрежа за соработка  помеѓу артизаните кои се занимаваат со занаетчиство за создавање или усовршување на бизнисот на жените занаетчии.

Двете партнерски организации започнаа со првата фаза за информирање на жените занаетчии кои водат или сакаат да отворат занетчиски бизнис. Тие ги информираа за правилата на водење на таков вид бизнис со правилен пристап кон иституциите во поглед на искористување на средствата за започнување и одржување на занаетчискиот бизнис. Оваа фаза од проектот беше исто така пропратено со промотивна кампањата за охрабрување на занаетчиите проследена со брошура „Жените во малите занаетчиски бизниси“ произведена на македонски, француски и албански јазик.

Во следната фаза е планирано студиско патување на претставници од здружението Контрафор во Долна Нормандија за да споделат искуство со француските партнери и да го пренесат во Македонија. Потоа, ќе возвратат со посета на Македонија и претставници од  здружението Savoir-faire and Co.

Проектот „Жените во малите занаетчиски бизниси“ е поддржан во рамки на повикот за проекти 2015-2016 на соработката Долна Нормандија/Македонија. 

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x