Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

10 апр. 2015

Соработката на средните училишта од Лизје и Тетово продолжува

Соработката на средните училишта од Лизје и Тетово продолжува

Од 1 до 10 парил 2015 г., учениците од средното училиште од Лизје дојдоа во посета на средното училиште во Тетово. Средните училишта „Кирил Пејчиновиќ“ Тетово и Марсел Гамбје од Лизје соработуваат со голем ентизијазам веќе неколку години.

 Оваа посета беше со цел младите од Франција да ја запознаат овдешната култура и јазик но, и секојдневието на нивните пријатели од Македонија во чии семејства престојуваа.

 За време на нивниот престој тие изработија истражување посветено на стогодишнината од Првата светска војна. Учениците ги истражуваа исто така и личните приказни на војници од Лизје кои се бореле и починале во Македонија за време на Првата светска војна како и војниците закопани во британските воени гробишта.

 Учениците исто така присуствуваа и на Комеморативната церемонија во француските воени гробишта во Битола. 

Овие училишни размени се поддржани во рамки на повикот за проекти 2015-2016 на соработката Долна Нормандија/Македонија.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x