Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

15 јул. 2015

Оглас за работни места во Младински Информативен Центар (МИЦ) – ИНФО СЕГА Кавадарци

Оглас за работни места во Младински Информативен Центар (МИЦ) – ИНФО СЕГА Кавадарци

Categories: Млади  / 

Коалиција на младински организации СЕГА има потреба од ангажирање на две лица за следниве работни позиции: Раководител и Асистент на МИЦ, на определено време (12 месеци) со можност од продолжување за дополнителни 12 месеци. Проектот „Младински Информативен Центар“ е финансиран од Агенцијата на Асоцијации за Локална Демократија (АЛДА) во рамките на Програмата за Децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и регионот на Долна Нормандија – Франција и Локална Самоуправа Кавадарци, а спроведуван од Коалиција СЕГА.

Потребните квалификации и искуства за работната позиција Раководител на МИЦ вклучуваат:

Диплома за завршено високо образование од областа на општествените науки или друго соодветно образование;

Предност ќе имаат кандидатите со најмалку 1 година работно искуство во домашни или странски здруженија на граѓани и фондации;

Искуство во испорачување на обуки, фасилитирање на настани;

Активно користење на MS Office;

Одлични комуникациски вештини;

Способност и искуство за раководење со проектен циклус;

Креативност во пристапот, иницијативности, способност за работа во тим;

Одлично познавање и употреба на англискиот јазик (говор и пишување);

Способност за мониторинг, оценка на спроведените активности - мотивација за работа;

Чувство на одговорност во извршувањето на поставените задачи.

Потребните квалификации и искуства за работната позиција Асистент (социјален работник) на МИЦ вклучуваат:

Диплома за завршено високо образование;

Предност ќе имаат кандидатите со факултет за социјална работа и политика;

Искуство во советување;

Активно користење на MS Office;

Одлични комуникациски и презентерски вештини;

Способност и искуство за организирање и спорведување на едукативни настани (обуки, работилници, дискусии со млади);

Креативност во пристапот, иницијативност, способност за работа во тим;

Одлично познавање и употреба на англискиот јазик (говор и пишување);

Работа со компјутери во MS Office, хостирање и ажурирање на web страна, Corel, Photoshop, Publisher, InDesign, Front Page и слични компјутерски програми;

Чувство на одговорност во извршувањето на поставените задачи;

Заинтересираните кандидати треба да достават:

-       мотивационо писмо

-       кратка биографија

-       копија од диплома за завршен факултет

Целосната документација да се достави најдоцна до 28 јули 2015 година на е-маил:  aplikacija@sega.org.mk  или на адреса Ул. Цар Самоил бр. 5 Прилеп.

Само селектираните кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју во рок од седум дена од завршувањето на огласот.

Дополнителни информации на телефон 048 429 390, или на е-маил sega@sega.org.mk

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x