Првиот дел од патувачкиот семинар „По стапките на Албер Лондр“ се одвиваше во Скопје од 1 до 5 август 2015 година. Во текот на овие неколку дена 12 млади новинари имаа можност да ја откријат македонската престолнина, нејзината историја и значајни обележја.
Новинарските истражувања ги започнаа со кратката репортажа за прославата на македонскиот национален празник „Илинден“ на плоштадот Македонија и неговото двојно значење за создавањето на македонската држава.
Во наредните денови имаа можност да се сретнат со партнерите на програмата за децентралисирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија, кои работат и истражуваат на тема Прва светска војна и Македонскиот фронт. Меѓу нив беа организацијата ХАЕМУС, која подготвува меѓународна конференција на оваа тема, Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје (ЕСРА) и нивната колекција на фотографии од Првата светска војна на Браќата Манаки, Француската амбасада која работи на зачувување на споменот од Големата војна, и на крај организацијата Франкофонски круг од Скопје која ја промовира франкофонијата и француксиот јазик во земјата.
Младите репортери покажаа голем интерес за развојот на македонското општество, демократијата и Човековите права, актуелните политички случувања и состојбата на мигрантите кои транзитираат низ земјата.
Покрај различните средби и посети, за реализација на нивните репортажи младите новинари ги анкетираа македонските граѓани за состојбите во општеството и градот со цел да создадат „разгледница“ за Скопје.
Патувачкиот семинар продолжува во Битола со откривање на рововите од Првата светска војна.
Активностите на патувачкиот семинар « По стапките на Албер Лондр » можете да ги следите тука.