Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

12 авг. 2015

Меѓународниот ден на младите : Младите во преден план!

Меѓународниот ден на младите : Младите во преден план!

100 млади годишно се активни во рамки на соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија. Активностите кои се одвиваат во рамки на соработката се разноврсни и на различни теми и вклучуваат формално и неформално образование како и мобилност на млади. Главната цел на овие акции е да им се овозможи на младите отвореност кон светот но, и да се поттикне нивниот ангажман на локално ниво.

Општините од Долна Нормандија и Македонија спроведуваат голем број меѓукултурни младински размени на теми поврзани со културата, културното наследство и животната средина. Како пример за овој тип на активности може да се посочат општината Дебар и општината Иф од Долна Нормандија кои оваа година организираат младинска размена преку призмата на театарски перформанс. 16 млади ќе работат заеднички на текстот „Антигона“ од Жан Ануил во кој ќе уќествува и една театарска трупа. Младите ќе ја прикажат оваа претстава во октомври 2015 година за време на Меѓународниот театарски фестивал во Дебар.

Покрај овие младински активности, 8 средни училишта од Македонија и Долна Нормандија заеднички работат со цел да им овозможат на нивните ученици посети и размени особено на тема култура и историја со фокус на Првата светска војна.

Соработката исто така нуди можности за разноврсни обуки на младите. Така, една од главните активности во рамки на соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија е Универзитетот на мирот во Каен кој го организира секоја година Институтот за човекови права и мир. На Универзитетот на мирот се среќаваат млади од целиот свет со цел да дебатираат и разменуваат мислења околу мирот. Овогодишното издание траеше 10 дена и беше посветено на темата „Мировни преговори“. Соработката помеѓу факултетите од Македонија и Долна Нормандија исто така овозможува и студентски размени.

Дополнителни активности за млади се спроведуваат и во партнерство со Мрежата „France Balkans“ како што е патувачкиот семинар за млади насловен „По стапките на Албер Лондр“. Ова е четвртото издание на овој семинар каде што млади новинари патуваат 15 дена по локации кои ги инспирале написите на познатиот новинар Албер Лондр.

Соработката исто така нуди можности за волонтирање и стажирање  преку европските програми во рамки на програмата Еразмус+.

Младите се неопходни за квалитетна меѓународна соработка, преку збогатување на образованието на младите и поттикнување на нивниот ангажман во младински акции се гради патот до одржлив општествен развој.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x