Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

25 авг. 2015

Камп за климатски промени во рамки на проектот „Младите за пониски емисии на ЦО2“

Камп за климатски промени во рамки на проектот „Младите за пониски емисии на ЦО2“

Од 17 до 21 август 2015 година, петнаесет млади од Долна Нормандија и Македонија учествуваа на Кампот за климатски промени во Македонија. Ова е една од главните активности во рамки на проектот „Младите за пониски емисии на ЦО2“ предводен од организацијата Гоу Грин.

Проектот „Младите за пониски емисии на ЦО2“ има за цел да придонесе кон развивање на свест, информирање и вклучување на граѓаните за Самитот за климатски промени (КОП21) како и да развие култура во насока на користење на велосипед и селекција на отпад, односно да придонесе кон намалување на ЦО2 во секторот на транспорт и отпад.

Кампот за климатски промени им овозможи на младите да разговараат и да разменуваат мислења во врска со климатските промени. За време на кампот тие подетално се запознаа со ефектите на климатските промени преку конкретни примери. Целта на активностите беше исто така и да се поттикнат младите за индивидуални еколошки акции.

На 21 август 2015 година беше организиран завршен настан во Музеј на Македонија во Скопје каде младите и партнерите на проектот ги споделија своите искуства и своите мислења во врска со климатските промени во присуство на Францускиот Институт, АЛДА Скопје и пошироката јавност.

Проектот „Младите за пониски емисии на ЦО2“ го спроведува организацијата Гоу Грин во соработка со организацијата „Familles rurales“ од Долна Нормандија во рамки на повикот за проекти 2015-2016 на програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x