Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

27 авг. 2015

Флери сур Орн почесен гостин на Карпошовото културно лето

Флери сур Орн почесен гостин на Карпошовото културно лето

На 22 август 2015 година, делегација од Флери сур Орн, предводена од градоначалникот г. Марк Лесерф беше во официјална посета на Општина Карпош.

Делегацијата беше пречекана од страна на градоначалникот на Општина Карпош г. Стевчо Јакимовски. На нивната средбата присуствуваше и г-ѓа Изабел Марки Барбо, директор на Францускиот институт во Скопје. Таа ја позрави соработката помеѓу двата градови, која постојано се надградува и дава нов квалитет во меѓусебните односи.

Истиот ден се одржа и изложбата на познатиот фотограф Жанги Л Карпетје, кој беше почесен учесник на годинешното Карпошово културно лето. Изложбата се состоеше од фотографии инспирирани од градот Флери сур Орн.

За време на нивниот престој во Македонија, претставниците од Флери сур Орн имаа исто така и работна средба со нивните соработници од Општина Карпош во врска со следните активности и иднината на нивната соработка.

Соработката помеѓу Општина Карпош и Флери сур Орн во рамки на децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија се официјализираше во јуни 2012 година. Главните теми на соработка помеѓу овие две општини се: Млади, Културно наследство, уметност и занаетчиство и Граѓанско учество.

Повеќе информации за средбата ќе најдете на интернет страницата на Општина Карпош.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x