Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

27 авг. 2015

Младите во фокусот на соработката помеѓу Ливаро и Берово

Младите во фокусот на соработката помеѓу Ливаро и Берово

Традиционално и оваа година делегација од Ливаро, Долна Нормандија беше во посета на Етно фестивалот во општина Берово.

За време на тридневната посета од 15 до 17 август 2015 година, покрај посетата на фестивалот, се одржа средба со градоначалникот на Берово и општинските работници со цел да се зајакне соработката на тема образование преку размена на ученици и доближување на начинот на образование помеѓу двете општини.

На средбата беше решено заеднички да се аплицира на проект во рамките на европската програмата ЕРАЗМУС +. Темата на овој заеднички младински проект би била размена на културна традиција  и екологија.

Берово и Ливаро ја официјализираа соработката во август 2012 година во рамки на Децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија.

Повеќе информации за средбата ќе најдете на интернет страницата на општина Берово.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x