Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

10 авг. 2015

АЛДА Скопје, домаќин на два волонтери од Франција

АЛДА Скопје, домаќин на два волонтери од Франција

Categories: Млади  / 

Два волонтери од Франција ќе го извршат својот волонтерски престој во канцеларијата за соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија во Скопје, во рамки на европската програма „ЕРАЗМУС +“. Тие ќе бидат дел од екипата на АЛДА Скопје во следните 12 месеци во рамки на проектот „Волонтери за Европско сеќавање“.

Двајцата млади французи Натали Барг и Рафаел Галвез ќе работат на неколку теми како што се: Меѓукултурно разбирање и европско граѓанство; Млади и Франкофонија; Европско сеќавање и мир и помирување. За време на организираните активности и посети тие исто така ќе ги информираат младите за практиките на волонтерство и меѓукултурни размени.

Промовирање на волонтерството како можност за вклучување на младите во професионалниот живот и промовирање на активно граѓанско учество преку мобилност на млади е една од главните цели на соработката Долна Нормандија/Македонија и АЛДА Скопје.

Проектот „Волонтери за Европско сеќавање“ е поддржан од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и европските програми во рамки на Еразмус +.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x