Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

10 септ. 2015

Иван Ивановски на уметничка резиденција во Долна Нормандија

Иван Ивановски на уметничка резиденција во Долна Нормандија

Categories: Култура  / 

Од 5 до 20 октомври 2015 година, ќе се реализира првата резиденција на македонски ументик во рамки на соработката Долна Нормандија/Македонија.

Уметничката резиденција на визуелниот ументик Иван Ивановски ќе се одвива во Регионалниот културен центар „2angles“ во Флер, Долна Нормандија. За време на 15 дена, уметникот ќе работи на своето дело „Напуштен/и град/ови“ кое на крајот ќе биде претставено пред француската публика.

Од пристигнатите апликации жирито кое се состоеше од претставници од организациите Локомотива, “2angles“ како и уметници го избраа предлог проектот "Напуштен/и град/ови" на ументикот Иван Ивановски.

Резиденцијата е дел од програмската линија за уметничка размена во рамки на Децентралзирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Македонија, координирана од Локомотива. Резиденцијата се организира во партнерство со уметничката асоцијација 2angles.

Уметничката резидеција се реализира со финасика поддршка на Министерство за култура на Р.Македонија, уметничката асоцијација 2angles и регионот Долна Нормандија.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x