Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

5 окт. 2015

Француската Амбасада во Скопје доделува „Награда за човекови права“

Француската Амбасада во Скопје доделува „Награда за човекови права“

Categories: Човекови права  / 

По повод Денот на човековите права Француската Амбасада во Скопје доделува „Награда за човекови права“ на македонско здружение чии активности се во доменот на промоција на човековите права во Македонија.

Наградата, која e во износ од 1000 евра, претставува поттик за здружението да продолжи со делување во насока на развој на човековите права во Република Македонија.

Кое било здружение кое е заведено со македонскиот закон и има изработено проект за промоција на човековите права може да аплицира за наградата. Апликациите треба да се достават до Амбасадата на Франција, најдоцна до 26 октомври 2015 година, или преку е-маил на: sebastien.botreau-bonneterre@diplomatie.gouv.fr или преку пошта на адресата на Амбасада на Франција во Скопје.

Наградата ќе биде официјално доделена на 10 декември, односно на денот кога беше донесена Универзалната декларација за човекови и граѓански права, во Париз, на 10 декември 1948 година, од страна на земјите членки на Организацијата на Обединетите Нации.

Француската амбасада ја доделува Наградата за човекови права трета година по ред по повод Денот на човековите права.

За повеќе информации консултирајте ги документите подолу или интернет страницата на Француска амбасада на француски јазик

Tags:

Documents to download

Name:
Email:
Subject:
Message:
x