Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

9 окт. 2015

Краткометражниот филм на Костадин Лазаров на фестивалот Off Courts

Краткометражниот филм на Костадин Лазаров на фестивалот Off Courts

Во рамките на соработката помеѓу Францускиот институт во Скопје и Регионот Долна Нормандија, младиот Костадин Лазаров, добитник на првата награда на натпреварот „Моето прво џебно видео“, го претстави својот филм на фестивалот Off Courts 2015 во Трувил, Франција. Конкурсот за краткометражен филм беше дел од Фестивалот на француски филм 2015.

По тој повод, Костадин ни раскажа малку повеќе за своето прво филмско искуство и за престојот во Франција.

Која беше Вашата улога на Фестивалот Off Courts?

За време на фестивалот, имав можност да работам на својот прв професионално изработен краткометражен филм, но исто така имав можност да учествувам и на други проекти.

Каков впечаток Ви остави учеството на Off Courts?

Навистина сум многу задоволен бидејќи имав можност да се сретнам и да работам со вистински професионалци од областа на филмот, но и да работам со многу софистицирана филмска опрема. Задоволен сум и од самата организација на фестивалот, како и од целата програма. Имав прилика да ги збогатам моите претходни знаења и да се стекнам со нови, што всушност беше најважно за мене.

Какви се вашите впечатоци од Долна Нормандија?

Ова беше втор пат да престојувам во Долна Нормандија, но за прв пат во Трувил и многу ми се допадна. Храната и културниот живот ми оставија најголем впечаток. Но, секако дека морам да го споменам и морето, прекрасните морски пејзажи и убавото време. Мислам дека целата атмосфера таму ми даде дополнителна инспирација за мојата работа, што навистина многу ми значи.

Краткометражниот филм на Костадин Лазаров со кој се претстави на фестивалот Off Courts можете да го погледнете доколку кликнете на иконата

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x