Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

25 септ. 2015

Земјоделци од Берово во посета на Ливаро

Земјоделци од Берово во посета на Ливаро

Во септември 2015 година, делегација од 6 земјоделци од Берово беа во посета на Областа Ливаро во Долна Нормандија.

За време на неколку дневниот престој во Долна Нормандија, македонските земјоделци имаа можност да ги посетат земјоделските насади во Долна Нормандија, да се сретнат со земјоделци од регионот, и да се запознаат со француски методи во сточарското одгледување.

Исто така, беше организирана средба со земјоделската комора каде беровските земјоделци се запознаа со креирањето на земјоделските политики на локално и национално ниво. Дел од програмата беше и посета на средното земјоделско училиште.

Особено привлечно за беровските земјоделци беше откривањето на агротуризмот и начинот на негова организација на фармите во Областа Ливаро.

Оваа активност е во рамки на соработката помеѓу Берово и Областа Ливаро, кои веќе неколку години развиваат соработка во областа на земјоделството, и поддржана од децентрализираната соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x