Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

9 ноем. 2015

Макета на замокот Равале од Шербур презентиран во Велес

Макета на замокот Равале од Шербур презентиран во Велес

На 9 ноември 2015 година во Велес, градоначалникот на Велес и претставник од канцеларијата за соработка Долна Нормандија/Македонија ја промовираа репликата на замокот Равале, знаменитост на градот Шербур, во младинскиот парк во Велес.

Макетата е резултат на проектот „Шербур – Велес: споделено културно наследство“, спроведуван од четири велешки средни училишта и гимназијата Токевил од Шербур. Гимназијалците од двата града преку размени имаа можност заеднички да го откријат културното наследство на Велес и Шербур и да изберат по една знаменитост и да произведат макета од истата.

Велешките гимназијалци го избраа замокот Равале во Шербур. За неговата изработка тие употребија 200 пластични шишиња и 3000 садници цвеќе и го нарекоа замокот од цвеќиња.

Во месец декември 2015 година, гимназијалците од Шербур ќе ја презентираат макетата од велешката Саат кула.

Проектот „Шербур – Велес: споделено културно наследство“, е спроведуван од општина Велес и градот Шербур, и финансиски поддржан од соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија во рамките на повикот за проекти 2015/2016 година.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x