Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

2 ноем. 2015

Обука „ слобода на изразување и право на приватност на интернет“ во Каен

Обука „ слобода на изразување и право на приватност на интернет“ во Каен

Од 28 до 30 октомври 2015 година во Каен се одржа обука на тема „ слобода на изразување и право на приватност на интернет“ наменета за работници од образованието.

Оваа обука е организирана од Фондацијата Метаморфозис и Меѓународниот институт за Човекови права и мир од Каен. Тројца учесници од Франција и четири учесници од Македонија имаа можност да се запознаат со концептот на слобода на изразување како основно човеково право. На обуката се разгледуваше правниот аспект по ова прашање, со посебен акцент на одлуката на Европскиот суд за човекови права.

Потоа преку неформални работилници, учесниците дискутираа и разменуваа искуства за слободата на изразување и правото на приватност на интернет, како и за ризиците од манипулација со информации.

Средбата беше затворена си симулација на судски процес на тема слобода на изразување и право на приватност на интернет.

Оваа активност е дел од проектот „ Модел за подигнување на свеста кај младите за човековите права на дигиталниот простор “. Проектот е поддржан од соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија во рамки на повикот за проекти 2015 – 2016 година.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x