Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

7 ноем. 2015

„Шепотењето на Антигона“ во изведба на младите од Иф, одиграна во Дебар и Струга

„Шепотењето на Антигона“ во изведба на младите од Иф, одиграна во Дебар и Струга

Од 3 до 7 ноември, младинска група од Иф престојуваше во Дебар, изведувајќи ја театарската претстава „Шепотењето на Антигона“ пред македонската публика. Оваа претстава е резултат на младински проект за соработка меѓу општините Дебар и Иф од францускиот регион Долна Нормандија.

Младите од двете земји заедно работеа на поставувањето и изведбата на претставата, со помош на француската актерска трупа „Et mes ailes“. Премиерата на претставата се одигра во Центарот за култура, во присуство на локалната публика и претставниците од општините на Дебар и Иф, меѓу кои и Угур Кумбасар, одговорен за меѓународна соработка на француската општина. Втората изведба се одигра во Струга, на 6 ноември.

По тој повод, режисерката на претставата Фабијен Гериф изјави дека за прв пат режира претстава на три јазика: француски, македонски и албански и додаде дека е многу задоволна од поддршката и приемот кај македонската публика. Координаторот на младите актери аматери од Дебар кои  беа дел од актерската екипа, Џевит Мифтаровски информираше дека оваа драма претходно била подготвувана две недели во Франција и дека е во план нејзино учество на меѓународен фестивал кој ќе се одржи идната година  во Франција.

За време на нивниот престој, гостите од Франција имаа можност да се запознаат со убавините на Македонија.

Овој проект е реализиран во рамките на соработката на градови, помеѓу збратимените општини Иф и Дебар, со поддршка на Центарот за регионален развој од Дебар и актерската трупа „Et mes Ailes.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x