Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

3 ноем. 2015

Универзитетот од Каен претставен на „Саемот на студии во Франција“ во Скопје

Универзитетот од Каен претставен на „Саемот на студии во Франција“ во Скопје

На 2 ноември, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје се одржа „Саем на студии во Франција“. Организиран од страна на Францускиот институт во Скопје и одделот за високо образование „Кампус Франс“, на овој саем беа претставени голем број на институции за високо образование и организации кои работат на меѓународна мобилност на младите од Македонија.

 

На саемот беше претставен и Универзитетот од Каен со својата студиска програма и можностите кои ги нуди за студирање на странски студенти и за меѓународна размена на студенти на додипломски и магистерски студии. Младите волонтери од Канцеларијата на соработката во Скопје, Рафаел Галвез и Натали Барг пред присутните ученици, студенти, професори и алумни ја претставија програмата за високо образование на универзитетот, можностите за пријавување на различни студиски програми и постапката за аплицирање за странски студенти.

По пат на интернет конференции, заинтересираните ученици од Македонија имаа можност и директно да стапат во контакт со свои македонски колеги, кои во моментов студираат и престојуваат во Франција.

Мобилноста на млади е една од темите на соработката Долна Нормандија / Македонија, која заедно со своите партнери работи на поттикнување на младите да се здобијат со меѓународно искуство преку формално и неформално образование.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x