Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

6 ноем. 2015

Прва конференција во Македонија за Првата светска војна

Прва конференција во Македонија за Првата светска војна

На 5 и 6 ноември 2015 во Скопје, се одржа првата меѓународна конференција во Македонија, на тема: Првата светска војна во колективното сеќавање: размена на искуства од Балканот. На конференцијата учествуваа експерти од: Франција, Македонија, Грција, Романија и од други земји кои ги преставија своите научни и историски истражувања во врска со Првата светска војна и имаа можност да ги споделат своите искуства на оваа тема.

Конференцијата ја отворија НЕ Лоранс Оер, амбасадорка на Франција во Р. Македонија, Раководителката за меѓународна соработка, директорката на меѓународна соработка и мобилност при Регионалниот Совет на Долна Нормандија, Сабин Гише-Лебаји и претседателката на Хаемус, Василка Димитровска, организаторите на настанот.

Средбата успеа да поттикне размислувања и примери за предизвиците и методите за зачувување и вреднување на културното наследство од Првата светска војна на Балканот, особено во Македонија. За време на двата работни дена се одржаа голем број состаноци и интересни дискусии помеѓу учесниците и гостите, најмногу за потребата од развивање на туризмот во зоните на некогашниот фронт, како што е пелагонискиот, околината на Новаци и мавровскиот дел. Локалните актери, општинските и регионалните центри за развој, но и други организации, зборуваа за тековната состојба на теренот, за меморијалниот туризам и за потребата да се развие стратегија за туризам и подобрување на пристапот, инфраструктурата и понудата во тие области.

На конференцијата, гостите од Регионот Долна Нормандија, професорите Пјер Бенаби и Ерик Алар ги претставија истражувањата кои ги направија заедно со своите ученици од училиштето Мермоз де Вир, на територијата на Новаци. Пјер Шмит и Марк Потје, од организацијата Fabrique de Patrimoines, зборуваа за можностите за меморијален туризам во Македонија, зборувајќи за теренот од самиот фронт од Првата светска војна, додека Сабин Гише-Лебаји го претстави меморијалниот туризам во Долна Нормандија.

Колективното сеќавање со осврт на Првата и Втората светска војна, веќе две години е во фокусот на Соработката Долна Нормандија / Македонија, одбележувајќи ја минатата година 70 годишнината од десантот во Нормандија и 100 години од почетокот на Првата светска војна.

Конференцијата беше организирана од страна на Хаемус, Центар за научно проучување и промоција на културата, во рамките на темата колективно сеќавање и Прва светска војна на Соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија.

На овој линк можете да ја пронајдете деталната програма на настанот.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x