Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

11 ноем. 2015

Конференција на „Биди зелен“ во Францускиот институт во Скопје

Конференција на „Биди зелен“ во Францускиот институт во Скопје

На 11 ноември Францускиот институт во Скопје, во организација на Биди зелен, се одржа конференција за климатските промени како најава за COP 21, меѓународна конференција за заштита на животната средина, која ќе се одржи од 30 ноември до 11 декември 2015 година, во Париз.

На конференцијата имаа можност да зборуваат НЕ Лоранс Оер, амбасадорка на Република Франција во Македонија, директорката на Канцеларијата за соработка, Ивана Димитровска и претставник од организацијата Go Green, Антонио Јовановски. Тие зборуваа за екологијата и претстојната конференција COP 21.

Македонија досега има воспоставено национална програма за зачувување на животната средина кои ги вклучуваат секторите за транспорт, енергија и индустрија. Но, како што беше истакнато на конференцијата, од клучна значење е да се воспостави поголема ангажираност на граѓаните, мобилизација на младите луѓе на што всушност работат и Биди зелен преку своите активности во рамките на децентрализираната соработка Долна Нормандија / Македонија.

Како што истакна Антонио Јовановски, ангажирањето на младите е дел од 6те барања кои ќе бидат претставени на овогодинешната COP 21 конференција. Покрај тоа, еднакво важни се развојот на обновливи енергетски системи, ефикасно користење на природните ресурси, децентрализација на енергетскиот систем, подобро управување на транспортниот сектор и зајакнување на меѓународната соработка и човекови права.

Соработката Долна Нормандија / Македонија ги поддржува активностите на Биди Зелен, како дел од проектот Младите за помало емитување на CO2.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x