Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

26 ноем. 2015

Обука за жените занаетчии

Обука за жените занаетчии

На 21 ноември 2015 година, во просториите на Културно информативниот центар во Скопје се одржа обука на тема “Како да се живее (и да се заработи) со занаетчиска дејност и одржливи активности”, организирана од здружението на граѓани Контрафор.

Обуката беше отворена од страна на амбасадорката на Република Франција во Македонија, Н.Е. Г-ѓа Лоренс Оер, која нагласи дека занаетчиската дејност е големо значење за економскиот развојот и одржување на културното наследство на Македонија.

Настанот беше можност да се презентира репортажата „Искуства и поддршка“ направена за време на студиската посета на жените занаетчии од Македонија во Долна Нормандија. Репортажата беше презентирана на сателитскиот канал 2 на македонската национална телевизија.

На обуката учествуваа околу 30 жени занаетчии кои имаа можност да ја проследат презентација на тема  “Како да се живее (и да се заработи) со занаетчиска дејност и одржливи активности”, со економскиот експерт г-ѓа Афрoдита Ѓука и заеднички да разговараат за условите и напредокот на оваа дејност.

Проектот „Жените во малите занаетчиски бизниси“, е спроведуван од НВО Контрафор, и финансиски поддржан од соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија во рамките на повикот за проекти 2015/2016 година.




Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x