Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

11 дек. 2015

Универзитетот од Каен во Македонија: средби и перспективи за академска соработка

Универзитетот од Каен во Македонија: средби и перспективи за академска соработка

Categories: Млади  / 

Од 6 до 10 декември 2015 година, претставницина Секторот за меѓународна соработка на Универзитетот во Каен, се во посета на Македонија со цел да воспостават можна соработка со македонските универзитети.

Тие ги посетија Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, Универзитетот "Свети Климент Охридски" во Битола, Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и Институтот за национална историја во Скопје. Овие средби овозможија да се создаде поле на академска размена почнувајќи од студиските програми кои се понудени и достапни во овие институции. Претставниците од македонските институции изразија голема желба за воспоставување соработка со Универзитетот во Каен.

Делегацијата од Универзитетот во Каен ги посети и учениците од билингвалните француско-македонски паралелки во Битола и Неготино. Тие беа во можност да им ги претстават на учениците понудените програми од страна на Универзитетот во Каен кои би им овозможиле следење на студиите во Нормандија, како и условите за живот во Каен.

Делегацијата имаше средба и со Француската Алијанса во Битола, како и Францускиот институт во Скопје, каде дискутираа за активностите насочени кон младите франкофони.

Директорот на Секторот за меѓународна соработка на Универзитетот од Каен, Др. Беноа Верон го отвори Меѓународниот Ден на Компаративното право организиран од страна на Меѓународниот Институт за Човекови Права и Мир од Каен во соработка со Правните Факултети од Каен и Скопје, како и Француската Амбасада во Македонија.

Посетите беа организирани преку соработката на Универзитетот во Каен – Сектор за меѓународна соработка и Францускиот институт од Скопје со поддршка на соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија.

(Фотографија: Француска Алијанса, Битола)

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x