Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

11 дек. 2015

Работилница посветена на создавање и промоција на туризмот во Пелагонискиот регион

Работилница посветена на создавање и промоција на туризмот во Пелагонискиот регион

Од 8 до 11 Декември 2015, делегација од областа на Областа Мон Сен Мишел беше во работна посета во Битола.

Од 9 до 10 Декември, француската делегација учествуваше на работилницата посветена на создавање на туризмот во Пелагонија, организирана од страна на нивниот македонски партнер, Центарот за развој на Пелагониски плански регион. Партнерите разговараа за можностите за вреднување на територијата и за изработка на туристичка понуда за Пелагонсикиот регион. Претставниците од Областа Мон Сен Мишел ги споделија своите бројни искуства на ова поле.

Областа на заливот Мон-Сен-Мишел и Плеагонискиот регион веќе две години соработуваат во областа на туризмот и локалниот економски развој.

Проектот „Унапредување на туристичките капацитети преку зајакнување на соработката помеѓу Пелагонија и Долна Нормандија “ е спроведен од страна на Центарот за развој на Пелагониски плански регион, Македонија и Областа Мон Сен Мишел, во рамките на нивната соработка која е дел од програмата на соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x