Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

5 дек. 2015

Првата светска војна во македонската поезија претставена во Долна Нормандија

Првата светска војна во македонската поезија претставена во Долна Нормандија

Од 1 до 6 декември 2015 година, група на професори и студенти од Универзитетот за аудиовизуелни уметности во Скопје, беше во посета на Каен и Вистреам во Долна Нормандија. Настанот се одржа во рамките на втората фаза од проектот „Помирување и визија за заедничка иднина на Балканот и Европа. Европа овде- Европа таму  (1914 - 2004)" обработувајќи ја македонската поезија посветена на Првата светска војна.

По активностите презентирани во Македонија, од страна на француските партнери за време на Меѓународниот театарски фестивал „Актерот на Европа", ова патување беше можност да се претстават македонските песни напишани за време на Првата светска војна. На 4 декември 2015 година се одржа Конференција за македонската литература организирана од г. Плевнеш, ректор на  Универзитетот ЕСРА, надополнета со музичка интерпретација на македонските поеми од страна на студентите за драмски уметности. На настанот се изведоа поемите на македонските автори: Славко Јаневски, Блаже Конески, Ацо Шопов, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Петре Андреевски, Јован Котески, Живко Чинго, Адем Гајтани и Хасан Мерџан.

Овој настан беше и повод да се претстави изложбата „Прва светска војна, Европа овде - Европа таму" реализирана во текот на првата година на овој проект од страна на студентите по фотографија од Македонија и Долна Нормандија, во спомен на Првата светска војна во Македонија. Изложбата ќе биде поставена во Библиотеката на Каен до 18 декември 2015 година.

Овој проект е предводен од страна на Универзитетот за аудиовизуелни уметности во Скопје – ЕСРА, во соработка со Здружението Каен Калвадос Романија во рамките на повикот за проекти 2015/2016 година.


Tags:

Documents to download

Name:
Email:
Subject:
Message:
x