Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

15 дек. 2015

Е-Општество.мк 2015: Конференција за Слобода и приватност на Интернет

Е-Општество.мк 2015: Конференција за Слобода и приватност на Интернет

Categories: Човекови права  / 

 На 10 декември 2015 се одржа единаесеттата меѓународна конференција Е-Општество.мк која ја проследија околу 200 учесници. Конференцијата беше организирана од фондацијата Метаморфозис од Македонија. Амбасадорката на Франција во Македонија, Н.Е. Лоранс Оер ја отвори конференцијата нагласувајќи ја важноста на медиумите во општеството. Вицепремиерот за евроинтеграции во Македонија, Фатмир Бесими исто така ја истакна важноста на интернетот и социјалните мрежи во македонското општество и нивната улога во развојот на слободата на изразување. На отворањето зборуваше и Љупчо Пренџов, заменик министерот за локална самоуправа, институционален партнер на соработката Долна Нормандија / Македонија.

Директорите на Метаморфозис, Бардил Јашари и на Институтот за човекови права и мир од Каен, Жонас Боше долгогодишни партнери во рамките на соработката, отворија ги отворија сесиите на конференцијата, истакнувајќи ги придобивките на интернетот, но истовремено предупредувајќи за важноста на заштита на правата и слободите на интернет. Заедно со останатите говорници ја нагласија и опасноста која произлегува од користењето на интернет, кој иако слободен медиум за отворена размена на мислења, сепак лесно може да ги наруши основните човекови права, преку говор на омраза или пак споделување на лични податоци. Токму овие и други поврзани теми беа анализирани за време на конференцијата, каде посетителите и експертите заедно дискутираа за начинот на заштита и улогата на интернетот во секојдневното општество и креирањето на јавното мнение.

Овој настан е последна фаза од проектот „Модел за подигнување на свеста кај младите за човековите права на дигиталниот простор“ кој го спроведува Фондацијата Метаморфозис во партнерство со Институтот за човекови права и мир од Каен во рамките на соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x