Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

15 дек. 2015

Обука на младински работници во Долна Нормандија

Обука на младински работници во Долна Нормандија

Categories: Млади  / 

Од 6 до 13 декември 2015 година во Сиувил, Долна Нормандија се оддржа обука на младински работници на која учествуваа претставници од дваесетина европски младински организации од Франција, Унгарија, Германија, Шпанија, Норвешка, Обединетото Кралство, Полска и Македонија.

Неколкудневниот настан беше организиран од страна на младинскиот центар од Шербур и Здружението AVRIL (Здружение за вреднување на реките и локалните иницијативи), информативни центри за европски проекти на регионот Долна Нормандија.

Овие организации веќе една година соработуваат со коалицијата на младински организации СЕГА од Македонија на тема размена на искуства и подобрување на вештините на младинските организации. Оттука, 3 младински организации од Прилеп, Велес и Кавадарци учествуваа на обуката.

Обуката имаше за цел да ги зајакне способностите и вештините на младинските организации во областа на неформалното образование. Особено внимание беше посветено на можностите за мобилност на младите, откривање на постоечките програми и следење на младите во текот на овој процес.

Оваа обука е подржана од страна на програмата ЕРАЗМУС + и регионот Долна Нормандија.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x